Што да посетите?

Најважните нешта за посета во Скопје може да се најдат во близина, дали во самиот центар на градот или во неговата околина. Може да се одлучите да го посетите врвот на ридот Водно, каде е изграден Милениумскиот крст, да го посетите кањонот Матка, или пак, само да прошетате низ центарот на градот и да го почувствувате урбаниот дух. За оние кои би сакале да ја почувствуваат носталгијата на едно време, доволна е посета на Старата чаршија.