Кањон Матка

Матка — кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми - десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.