Our Apartments

Травел апартманите се наоѓаат во Дебар Маало, една од најстарите населби во Скопје, главниот град на Македонија. Самата населба е многу блиску до центарот на градот; апартманите се на 10 минути пешачење од главниот плоштад. Блиску до ноќниот живот, а доволно далеку за релаксиран престој.

Њујорк, Лондон и Скопје се луксузни, комплетно опремени апартмани, кои се достапни за краткотраен престој. Опремени со сé што може да ви биде потребно, за Вашиот престој да биде што попријатен и поудобен.

  • бесплатен интернет во секој од апартманите
  • клима уреди
  • кујнски апарати
  • чисти пешкири
  • чиста постелнина

Со цел да го направиме Вашиот престој уште порелаксиран, ние Ви нудиме услуга чистење (замена на пешкири и постелнина вклучено) целосно бесплатно, за престој подолг од 6 дена.