За нас

Туристичката агенција Конгрес Травел Сервис е формирана во 2015 година како една мала, но за брзо време конкурентна туристичка агенција. Како корпоративна туристичка агенција, нудиме комплетен туристички сервис 24/7 и висококвалитетни туристички услуги за корпоративни групи и поединци. Имајќи ги во предвид потребите на патниците, им ги нудиме најдобрите зделки за домашни и меѓународни дестинации. Тоа е воедно и една од причините за задоволството, довербата и соработката на нашите клиенти која продолжува до денес.

ТА Конгрес Травел Сервис е членка на АТАМ, со Лиценца А согласно законот за туризам  на Република Македонија, издадена од Министерството за економија.

На нашите клиенти им нудиме услуги за кои е одговорен висококвалитетен кадар, кој поседува сертификат ИАТА за меѓународно издавање на авиобилети, како и дипломи за системот за резервации Амадеус. Главни одлики на вработените во ТА КТС се висок степен на професионалност, доверливост, одржливост на квалитет на услугите, навременост и прецизност.

Агенцијата е лоцирана во центарот на Скопје, а нашите канцеларии се опремени со најсовремена технолошка опрема за квалитетно работење, со посебен фокус на иднината на корпоративните патувања.

Ние се фокусираме на секој аспект од вашето деловно патување, така што се што треба вие да направите е да се фокусирате на вашите цели и резултатите од патувањето.

 

 

НАШАТА МИСИЈА

 

Формирањето на нашата филозофија најмногу зависи од соработката со нашите клиенти, кои постојано нé инспирираат и нé мотивираат да понудиме што подинамични и поконкретни решенија за секој поединец, агенција или компанија.

Потребите на нашите клиенти се наш приоритет и ние стремиме кон тоа да понудиме итно решение и најдобри опции за Вашето патување. 

Нашата агенција го разбира значењето на Вашето време и пари и токму затоа ви стоиме на располагање, како би го направиле Вашето патување едно незаборавно и богато искуство.